Шахпаска: Во првите 30 дена исплатата на боледувањето поради коронавирусот е на товар на работодавецот

од Nikola Popovski
396 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека за земено боледување поради коронавирусот, вработените и во јавниот и во приватниот сектор ќе добиваат 70 проценти од платата за отсуство до седум дена, 80 проценти за отсуство до 15 дена и 90 проценти кога се на боледување над 15 дена.

Според неа, во првите 30 дена исплатата на боледувањето е на товар на работодавецот, а потоа на Фондот за здравствено осигурување.

„Владата донесе одлука на вработените да им се исплаќа 100 проценти од платата за боледување поврзано со КОВИД-19 без разлика дали станува збор за изолација заради контакт со позитивно лице, за лица кои се позитивни, но без симптоми и се дома, и лица кои имаат симптоми се лекуваат или дома или во болница“, соопштила Шахпаска.

За разлика од препораката за приватниот сектор, за администрацијата Владата донесе заклучок да и се исплаќа боледување по закон и колективен договор.

„Висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од работа на вработени лица кои имале контакти со заразени лица, а кои се вработени во министерствата и органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на општините, градот Скопје и општините на градот Скопје и се во самоизолација, да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор. Со заклучок на Владата по оваа точка се препорачува висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од работа на вработени лица кои имале контакти со заразени лица, а кои се вработени во приватниот сектор и се во самоизолација, да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор“, соопштија претходно од Владата.

Слични содржини