Шахпаска за недела неработен ден: Разговараме со сите засегнати страни за изнаоѓање на најприфатливо решение

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Министерството за труд и социјална политика ги продолжува консултациите за иницијативата недела да биде прогласена за неработен ден, во чии рамки денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше средба со претставници на Независната угостителска комора.

-Согласно прифатената иницијатива на Владата недела да биде неработен ден и задолжувањето како Министерство за труд и социјална политика да изготвиме законско решение, изминативе денови имаме интезивни работни средби со претставници на сите засегнати страни. Синдикатите, Стопанските комори, Организација на работодавачи со кои заедно со претставници од Министерствата за економија, финансии, информатичко општество, разговаравме и ги отворивме сите прашања, со цел изнаоѓање на најприфатливо и најиздржано решение, напиша Шахпаска на својот фејсбук-профил.

Во таа насока, додава Шахпаска, беше и денешната средба со претставникот од Независната угостителска комора со цел да се слушне и мислењето на угостителите во однос на ова прашање.

-Иницијативата недела – неработен ден која треба да биде преточена во законско решение е со цел денот недела биде ден за семејството, во насока на негување на традиционалните вредности.

Исклучоци секако дека мора да има, за дејностите кои се од витално значење и од кои зависи функционирање на општеството, напиша министерката за труд и социјална политика.

Слични содржини