Шакира донесе одлука: Повеќе не сака да има ништо со родителите на Пике

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Познатата пејачка Шакира и фудбалерот Жерар Пике неодамна ги изненадија сите со тоа што решија да се разделат, а како главна причина се споменуваше неговото наводно неверство.

Оттогаш постојано се појавуваат нови детали од нивната врска, а како што пишува шпанскиот медиум „Марка“, пејачката повеќе не сака да има ништо со него и неговото семејство.

Имено, куќата во која живееле Шакира и Пике во соседството имала куќа за неговите родители, како и за нејзините. Се вели дека куќите се поврзани една со друга, но пејачката сега сака да го откаже заедничкиот пристап.

Таа, наводно, смета дека со оглед на тоа што повеќе не се семејство, не би требало ни да имаат заеднички работи.

Тие три куќи се наоѓаат во Барселона, а новинарката Лаура Фе ја потврди оваа информација во нејзиниот видео подкаст со Лорена Васкез.

„Шакира многу сериозно ја сфаќа некомпатибилноста на една куќа со друга. Тоа повеќе не е нејзино семејство и таа би сакала да ги подели заедничките делови“, вели Лаура.

Според понатамошните наводи, Шакира дури размислува да подигне ѕидови меѓу овие објекти, а бидејќи има и заеднички базен, не се знае што точно планира да прави со тој простор.

Слични содржини