Шакира и Пике по раскинувањето опатуваа заедно: Таа не ја симнува насмевката (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике неодамна објавија дека раскинуваат по 12 години, а сега повторно се видени на исто место.

Имено, нивниот осумгодишен син Милан учествува на бејзбол турнир кој се одржува во Чешка, а неговите родители дошле да му дадат поддршка, објави „Ел Периодико“.

Иако неверството на Пике се споменува како главна причина за раскинувањето на славната двојка, тие двајцата не го коментираа тоа и истакнаа дека нивните деца се на прво место и дека сакаат се да биде што е можно побезболно за нив.

Шакира во Чешка беше фотографирана како насмеана разговара со насобраните, а во коментарите на социјалните мрежи доби голема поддршка од бројните фанови.

Слични содржини