Светската музичка ѕвезда Шакира, која годинава се раздели од фудбалерот Жерар Пике по десет години заеднички живот, одлучи да оди на суд за затајување данок.
ПР тимот на пејачката објави дека Шакира го одбила договорот што ѝ го понудило обвинителството и решила да помине низ процес на судско решавање на спорот.
Шакира е обвинета дека ја измамила шпанската влада за даночно затајување во износ од 14,5 милиони евра.
„Таа е сигурна во својата невиност и одлучи да го остави случајот на законот“, се вели во соопштението на нејзиниот тим.
Во 2018 година, шпанското обвинителство ја обвини Шакира за даночно затајување, тврдејќи дека таа не ги платила приходите остварени од 2012 до 2014 година. Доколку биде прогласена за виновна, се соочува со парична казна и затворска казна.