Популарната пејачка пред две години откажа вкупно 17 концерти од нејзината светска турнеја поради проблеми со здравјето. Ваквиот потег даде јасно до знаење дека нешто сериозно се случува.
Таа за „Гардијан“ отворено зборуваше за овој период од нејзиниот живот. Едната од гласните жици ѝ буила толку оштетена, што почнала дури и да крвари. Тоа придонело Шакира да стане депресивна, бидејќи пеењето е нејзиниот идентитет, а тогаш дури не смеела ниту да зборува.
Најпрво ги избегнувала препораките на лекарите да го реши проблемот со операција. Решила да проба алтернативни начини на лечење, кои вклучувале хипноза, хога, медитација, па дури и света вода од манастири.
За ваквото искуство таа вели дека било вистинско откровение и дека целосно ја променило. Шакира се врати во студио во 2018 година.