Шаќири: Албанците имаат образовани кадри кои можат сами да се вработат без субвенционирање

од Берта Китинска
369 прегледи

Албанците не се народ кој треба да биде ставен под етнички клуч за да се субвенционира.Оваа одлука нас не деградира во овој момент, бидејќи ние  имаме квалитетни кадри кои можат сами  да се вработат и да одат напред, вели Лиса Баута Шаќири, правник која обајви Фејсбук статус во врска со етничките вработувања во интервју за емисијата Трилинг.

Таа вели дека оваа мерка не треба да властите да ја сметаат како успех.

-Во едно се согласувам дека треба Албанците да бидат повеќе застапени во јавниот скетор, но за во приватниот тоа не е потребно бидејќи ова е  популистичка одлука.

На прашањето дали со оваа мерка  сакаат да ги омаловажат Албанците, Шаќири вели дека овде има одредена таргет група која така и треба да се чувствува.

-Јас овде гледам дека тие со оваа одлука ја омаловажуваат одредената таргет група. Јас кога сум аплицирала за да најдам работа никогаш не сум ја побарала или претставила како Албанка туку како магистар, образованите немаат потреба да се вработуваат по етничката определба, вели Шаќири.

Слични содржини