304
Швајцарецот Џердан Шаќири (30) се пресели од француски Лион во американски Чикаго Фајр.
Во Лион остана половина сезона, а сега ја изненади фудбалската јавност со својот нов трансфер.
Клубот од МЛС го претстави како нивниот Лионел Меси. Лион за него ќе добие околу седум милиони евра, што значи дека ќе заработи еден милион евра.
Французите минатото лето го купија Шаќири од Ливерпул за шест милиони евра.
Во својата кариера настапуваше за Базел, Баерн, Интер, Стоук и Ливерпул.
За репрезентацијата на Швајцарија има 100 настапи и 26 гола.
The A̶l̶p̶i̶n̶e Lake Michigan Messi. #cf97 | @XS_11official pic.twitter.com/ekiHoGhIoY
— Chicago Fire FC (@ChicagoFire) February 9, 2022