Шаќири: Јас, еден од најстарите активисти против присилна вакцинација се вакцинирав

од Берта Китинска
749 прегледи

Пред 10 години очи ќе извадев на секој кој ми кажуваше дека треба да си вакцинирам 24 часа старо бебе со вакцина против Хепатит Б и БСЖ вакцина …Денес, после 10 години не сакам да слушам никакви теории за вакцини. Доволно сум мудра и паметна за да знам дека сум тапа за наука за која некој поминал 20 години во лабораторија, и некој кој последниве, речиси две години, не видел сонце работејќи на мисијата за спасување на светот, пишува на својот Фејсбук профил активистката Лиса Баута Шаќири.

Таа вели дека е  еден од најстарите активисти против присилната вакцинација , но сепак се вакцинирала.

– Прележав Ковид уште лани, фала Богу никого не заразив и до скоро имав антитела… Одлуката да се вакцинирам не ја донесов за да се заштитам себеси, мојот организам одлично се бореше против Ковид и сигурна сум дека дури и да се заразев повторно, исто така добро ќе поминев. Но, сега не е време кога човек треба да мисли само на себе!, пишува во својата исповед Баута Шаќири.

Слични содржини