Шаќири: Како што е договорено со СОНК, платите од септември ќе бидат повисоки за 15 отсто

од Берта Китинска
206 прегледи

Вработените во основно и во средно образование од септември же имаат повисоки плати за 15 отсто.

– Со СОНК ја потпишавме спогодбата која произлезе од процесот на помирување. Очекуваме да помине ребалансот на Буџетот за да подготвиме информација во Владата, за да се потпише конечната спогодба за 15 отсто. Значи, преговорите имаат потпишана спогодба, договорени се сите работи со СОНК и го чекаме ребалансот. Очекувам да помине и сѐ да биде добро за од септември да има повисоки плати во основно и во средно образование, рече министерот за образование Јетон Шаќири.

Слични содржини