Шаќири: Ќе барам директорите да најдат начин да се одржува дел од наставата, учениците сигурно нема да штрајкуваат

од Берта Китинска
214 прегледи

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека доколку не се најде решение, ќе побара од директорите на училиштата да најдат начин за да се одржува дел од наставата при штрајкот, кој е најавен за 11-ти април.

Тој вели дека учениците сигурно нема да штрајкуваат.

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков кажа дека не е паметно директорите да се мешаат во организирање на штрајкот, најавен за 11-ти април.

Според него, тие можат да добијат парична или затворска казна.

„Секој оној кој што ќе се обиде да попречи во организирање или спроведување на штрајкот, ќе подлежи на кривичниот законик каде се предвидени парични или затворски казни. Од оваа причина сметам дека во овој дел директорите да се мешаат во спроведување на штрајкот“, вели Неделков.

Слични содржини