Шаќири не дојде на средба со Касами: Општина Тетово има лидер, нема да дозволиме никој да го потценува авторитетот

од Берта Китинска
249 прегледи

Општина Тетово информираше дека е откажан настанот со Министерството за образование и наука со објаснување дека тоа е поради непочитување на функцијата градоначалник.

Велат дека пред да почне настанот најавен за 10 часот, требало да има средба помеѓу министерот Јетон Шаќири и градоначалникот Билал Касами во 9 часот, но кога се јавиле дали пристигнала делегацијата им било речено дека нема да дојдат на средбата.

–Непочитувањето на градоначалникот на Општина Тетово значи непочитување и на сите граѓани кои живеат во градот. Министерот за образование, по наредба на своите газди, очигледно не успева да се однесува професионално, како што доликува на функцијата министер. Врз основа на политиката на партијата што ја застапува, уште еднаш докажа дека ги игнорираат општините кои не се предводени од ДУИ. Општина Тетово има лидер, затоа нема да дозволиме никој да го потценува авторитетот на граѓаните и општината, стои во соопштението на општината.