Шаќири: Не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг од мене кон вработен

од Nikola Popovski
453 прегледи

Откако утрово со решение на Министерствто за култура, беше сменета од функцијата в.д директор на Театар Комедија, Нора Шаќири попладнево се огласи на социјалните мрежи.

Таа информира дека како „директор повела дисциплинска постапка за вработен кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор замина на патување и истото го поткрепи со фотографии и за истото се изјасни пред комисијата која го донесе решението за дисциплинска казна дека е виновен и казната ја прифати“.

-По анонимна пријава за мобинг пратена до Заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси министерот Љупчо Николовски во театарот дојде вонреден инспелциски надзор односно Државниот инспекторат за труд кој донесе записник во кој се наведува дека ИНСПЕКТОРОТ НА ТРУД НЕ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ИНСПЕКЦИСКА МЕРКА врз основа на член 22 и 23 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до ДКСК како надлежен орган. Во однос на ова сакам да ве известам дека до овој момент од ДКСК ништо не е пристигнато, па по тој основ решението за мое разрешување е неосновано и дека во институцијата не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг од мене кон вработен, напиша Шаќири.

Таа потенцира дека е „особено горда што работела согласно закон“.

-НИКОЈ НЕ Е РОДЕН ДИРЕКТОР не сум ни јас но не е секој спремен да влезе во кал, а од тоа да нема лична корист.ЈАС БЕВ СПРЕМНА И ТЕАТАР КОМЕДИЈА СЕ ИЗДИГНА НАД СИТЕ ЦРНИ ОБЛАЦИ КОИ ГО НАДВЈАСАА. Ја имам безресервната поддршка од сите мои колеги, се изборив театарот да се врати во полн сјај без долгови, со три нови претстави, со прекрасен репертоар и неколку фестивали од кои два во продукција на театарот. Судете сами дали недоаѓањето на работно место е казниво за раководното лице или за лицето кое не се појавува на работното место без образложение, објави Шаќири на Фејсбук.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, донесе одлука за престанок на мандатот на в.д. директорката, по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд. На нејзино место е поставена Магдалена Ризова Черних.

Слични содржини