Шаќири од Барселона: Насекаде сме каде што се зборува за дигитализацијата

од Берта Китинска
135 прегледи

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, учествува на настанот, Глобален систем за мобилни комуникации (GSMA), организиран од Mobile World Capital Barcelona.

GSMA MWC Барселона е многу голем настан, на кој присуствуваат претставници на многу министерства од различни европски земји и најголемите и најмоќните компании кои се дел од индустријата за електронски комуникации.

За време на оваа посета, министерот Шаќири ќе одржи бројни билатерални средби и средби со претставници на најголемите компании од индустријата за електронски комуникации.

Целта на оваа посета е размена на искуства, со цел забрзување на процесот на дигитализација на јавната администрација во Република Северна Македонија. Покрај скратувањето на времето, имаме за цел да го зголемиме и квалитетот на услугите што ги обезбедува државната администрација.

Слични содржини