Шаќири: Отворен сум за дијалог со синдикатот за високо образование

од Берта Китинска
212 прегледи

Како што имавме социјален дијалог за основно и за средно образование, отворен сум за соработка и ја очекувам со репрезентативниот синдикат за високото образование, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со протестот кој за утре е најавен од професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“На прашањето што доколку има бојкот на јунската сесија за полагање на испитите, Шаќири одговори дека како и за штрајкот во училиштата бил, како што рече, против закани за прекин на наставата.

-И ова не го гледам како добра постапка на синдикатот затоа што никогаш, ни од мене, ниту од Владата, не е кажано дека нема да има разговори и прекин на разговори и дека нема да имаат подобри услови. И во преговорите со СОНК баравме разбирање заради некои економски показатели кои не беа и не зависеа само од образование, туку и од економски движења кои не се само во нашата земја, туку и во регионот и подалеку. Така што, ако ова се закани, нека бидат предупредување, нека се реализира испитната сесија, рече Шаќири.

Тој посочи дека треба да се разговара за начините на финансирање, кои се различни на високообразовните институции, и дека ако добро се организираат буџетите може, како што рече, да се постигне поголем успех.

Слични содржини