Министерот за информатичко опшеттсво и администрација Јетон Шаќири на денешната прес- конференција во отчетот за првите 100 дена најави попрофесионална администрација со нејзино реорганизирање и со намалување на бројот на вработени.
Шаќири одговрајќи на новинарско прашање појасни дека првиот вицепремиер Артан Груби им ги зголемил платите само на вработените во министерството за политички систем кои во меѓувреме се стекнале со дипломи од високо образование.
-Тоа е за поздравување, но засега тоа е само во неговото министерство. И другите министерства може да го направат тоа, но прво во структурната организација треба да планираат место со новите квалификации како што постапи министерството за политички систем, изјави Шаќири.
Намалување на бројот на вработени во јавниот сектор, посочи тој, е определба на Владата во четиригодишен мандат.
– Во почетна фаза сме на реорганзиација или на првиот извештај за реорганзизација на органите на државна служба каде се подразбира по првата фаза да имаме втора фаза и ќе имаме институции кои ќе се оптимизираат, намалување на институции, на компетенции итн. Моделите се уште не се дискутирани, но по реорганзиацијата кога ќе дојде време ќе се дискутираат, но никогаш нема да бидат на товар на вработените и ќе бидат за нивно напредување, истакна Шаќири и најави дека по реорганизацијата ќе се анализра и вкупната бројка на привремените вработувања.