462
Музичарот и поранешен кандидат за градоначалник на Скопје, Бени Шаќири вечерва изјави дека се кандидирал за „градски татко“ само поради една цел.
-Сакав да го срушам Шилегов и успеав во тоа. Сакав да го направам тоа затоа што не беше доблесен поранешниот градоначалник и беше таков како што беше, рече Шаќири во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Според него, граѓаните имаат право да бараат отчет од политичарите и потенцира дека и „шуто и ругато влегува во политиката“.