Шаќири: Се надевам дека сите рамковно вработени, ќе ги прифатат новите работни места

од Берта Китинска
417 прегледи

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири се надева дека  рамковно вработени, ќе ги прифатат новите работни места кои ќе им се понудат.

-Се надевам дека сите рамковно вработени, ќе ги прифатат новите работни места кои ќе им се понудат откако ќе биде изгласан законот за нивно прераспределување што го утврди Владата на последната седница.По стапувањето на сила на законот, министерството за политички систем и Министерството за информатичко општество и информатика ќе ги вкрстуваат податоците за да се увиди професионалната подготовка на сите кандидати, но ќе се земат во предвид и годишните планови за 2021 година, изајви  Шаќири.

Во однос на колку овие вработени можат да седат на трансфер листата, тој напомена дека би сакал сите тие да бидат веднаш распределени.Со новиот закон тој напомена дека ќе биде и нагласен рокот колку тие ќе можат да стојат на трансфер листата.

Откако законот ќе се изгласа во  Собранието, најдоцна во рок од 15 дена министерството за политички систем  ќе предложи план за побрзо распоредување .

Рамковно вработените ќе можат да одбијат да одат на работното место каде што ќе бидат распределени и нема да добијат отказ. Ако одбијат работа само ќе се префрлат на трансфер листата на Министерството за информатичко од каде ќе чекаат нова понуда.Ако не ја прифатат ни оваа работа во рок од 5 дена,  дури тогаш трајно  ќе го изгубат правото за вработување во државниот сектор.

Слични содржини