Се гледаат сите начини за до 10 јуни да заврши учебната година, но се уште немаме официјален одговор од Бирото, истакна министерот за образование министерот Јетон Шаќири.
Во однос на преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), тој повтори дека се доближуваат во ставовите за кои двете страни повторно ќе разговараат утре на нова средба со помирувач.
– Од нашата страна и од страната на СОНК заеднички е ставот дека се доближуваме со мислењата и утре заедно со помирувачот, ќе ги видиме сите препораки што ќе ги има помирувачот, рече Шаќири и додаде дека МОН ќе најде начин за покачување на платите на вработените во образованието.