Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека е отворен за комуникација со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за нивното барање за покачување на платите на наставниците. Порачувајќи дека нема придобивки од одржување штрајк Шаќири денеска изјави дека инсистира на директна комуникација со СОНК за да не дојде до тоа.
Тој вели МОН е отворено за комуникација.
-Од штрајкот никој немаме придобивка, затоа јас и на првиот состанок инсистирав во директна комуникација СОНК за да продолжиме и да не дојде до штрајкот, околу најавите, треба да се избегне штрајкот, да дојдеме до договор за повисока плата. Наредниот период е клучен период за комуникација помеѓу важните институции, како што знаете, многу важен процес е финансискиот на оваа постапка.
Тој напомена дека се разгледуваат неколку можности во однос на процесот за покачување на платитe, a потсети и дека е во собраниска процедура Законот за наставници во кој е вклучено и покачувањето на платата.
-Ќе бидеме отворени, мислам дека во најбрзо време, до март имаме оставено период кога ќе дадеме одговор за овој многу важен процес, додаде министерот за образование.