Шаќири се сретна со двајцата основци генијалци по математика: „Македон и Или се иднината“

од Nikola Popovski
303 прегледи

Македон и Или се основци за кои математиката е како игра, возбудлива и забавна. Тие се новите математички гении: додека Македон со само седум години без проблем решава задачи наменети за средношколци, 13-годишниот Или им држи часови по математика и физика на студенти од земјава и од светот, објавија од Министерството за образование и наука.

Денеска двајцата беа на средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

„Македон Димитровски и Или Морина се иднината на Северна Македонија. Нивниот талент, желба за учење и посветеност треба  да не поттикнат да најдеме најсоодветни начини за да ги поддржиме. Тие се доказ дека нашата држава има одличен кадровски потенцијал кој бара институционален одговор, за да може целосно да се реализира. Во оваа насока се и нашите заложби, како Министерство за образование и наука, да им дадеме можности за квалитетна едукација, за развој на креативноста и иновативноста, со што ќе им обезбедиме добри услови за надградување, реализирање и работа. Токму тоа е целта на реформите на образованието, да овозможиме реализација на овие исклучителни потенцијали “, нагласи по средбата министерот Шаќири.

Поддршката за талентите, како што објасни Шаќири, почнува со нивно идентификување, во што неодминлива е улогата на наставниците, кои потоа работат со овие деца. Исто така, со сет политики, мерки и активности се вреднува, стимулира и поттикнува трудот на надарените, креативни и талентирани ученици.

 

Слични содржини