Министерот за образование, Јетон Шаќири смета дека се уште е рано да се следи настава во училиштата без маски.
-Ние сме секојдневна комуникација со сите основни и средни училишта. Бројките на отсутни наставници и ученици во сите основни и средни училишта се движат околу 0,02 на дневна основа што не значи дека сите тие се болни од Ковид-19, рече Шаќири во гостувањето на вестите на ТВ Сител.
Според него, МОН ќе ги почитува и ќе се води според одлуките што ги носи Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на образовниот процес.
-Сите кои се вклучени во процесот на образование да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19 и надвор од училиштата затоа што според епидемиолошките анкети, има случаи во кои позитивните лица изјавиле дека имале контакт за време на викендот, информира Шаќири.