Стојам на ставот физичка настава да има целосно. На состаноците со институциите ќе зборуваме приоритет да биде и образованието како што е здравството и другите сектори, изјави министерот за образование Јетон Шаќири.
За следната недела најави состанок со министрите за економија, финансии и другите инволвирани ресори во делот на енергетиката нанкој треба да се разговара токму з аоваа проблематика.
– Ќе дискутираме за оваа проблематика за да можеме најдобро да ја изменаџираме. МОН ги извади сите податоци за сите основни и средни училишта колку користат електрична енергија и во комуникација со директорите ќе бараме начин што подобро да се изменаџира електричната енергија, рече Шаќири.
При денешната посета на неколку струшки училишта посочи дека во разговор со директорите побарал да се исклучат светилките и да се користи природната светлина.
Директорката на гиманзијата „Ибрахим Темо“ Бесиме Јонузи рече дека се подготвени за претстојната зима и оти имаат финансиски средства за електрична енергија и нафта за греење.
– По ребалансот на општинскиот буџетот имаме пренамена за дополнителни средтсва за електрична енергија и нафта за греење и секако дека ќе бидеме дел од соработката со МОН за менаџирање на состојбата со енергетската криза, изјави Јонузи.