Шаќири: Вработените преку К5 програмата веќе распределени во институциите

Денес министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, информираше дека најголемиот број на вработени преку програмата к5 започнале со работи во институциите кадешто се распределени.

Меѓудругото, Шаќири вели дека до МИОА не пристигнал ниту еден допис од ниту една институција која одбила или која не го доставила годишниот план или систематизацијата за да ги трансферира вработените врз основа на програмата К5.

„Според комуникацијата што ја имаме и со Министерството за политички систем, кое е носител на овој проект и последните дискусии се дека овој процес продолжува и се ближи кон крајот. Официјално до МИОА нема поднесено ниту еден допис за неприфаќање на администраторите од програмата К5, но има институции кои секој ден ги завршуваат нивните обработки за годишните планови. Ние сме отворени за овој план“, истакна Шаќири.

Министерот појасни дека вработените административци се веќе распределени во институциите основани од Владата, Парламентот и од локалната власт. Тој додаде дека од претставници од институциите биле информирани дека има и такви за кои по вработувањето врз основа на програмата К5, се предвидува нивно унапредување од вработен во администрација, во вработен во инспекторат или друга институција.

За Законот за високо раководна служба, Шаќири рече дека МИОА уште во 2018 го започна концептот за високо раководна служба со кој ќе се воспостави воедначена процедура за назначување на раководната позиција, професионализација на раководните позиции, издвоени од политичкото управување со политичка одговорност.

– Системот на високо раководна служба кој како новина се предлага со овој закон треба да обезбеди постигнување на две клучни цели – професионални високи раководители избрани преку отворена постапка врз основа на нивните професионални компетенции и воспоставување односи на доверба со политички избраните и именувани лица, додаде Шаќири.

loading...

Слични содржини