Шаќири за спорот со Бугарија: Досега министерството не добило никакво барање за менување на учебниците

од Берта Китинска
181 прегледи

„Во постојан контакт сум со министерот за образование и наука на Република Бугарија, сме реализирале три билатерални средби помеѓу нашите министерства. Како што знае и јавноста ние имаме потпишано и еден меморандум за соработка во кој покрај тоа што се предвидува соработка во основното образование, средното образование, размена на студенти преку различни програми“, рече министерот за образование Јетон Шаќири вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.

Шаќири надополни дека до овој момент до министерството нема стигнато барање за промена на учебниците.

„Како што знаете претставниците на историските комисии од двете страни се тие кои дискутираат за промените, покрај кои и тие во учебниците, но до овој момент двете страни не се дојдени до некаков договор. Во потпишаниот меморандум стои дека ќе ги земеме во предвид препораките од двете комисии кога ќе постигнат некаков договор. До овој момент и од моментот откако сум јас министер за образование немаме примено никакво барање и така како што потенцирав, овој договор предвидува историските комисии да се диговорат, и кога ќе дојде моментот ќе видиме, можеби потоа, ќе видиме каква ќе биде ситуацијата“, рече Шаќири.

Слични содржини