Шаќири најавува доставување на сите учебници до крајот на неделава

од Nikola Popovski
350 прегледи

Министерот за образование, Јетон Шаќири потсетува дека веќе претходно информирал дека учениците ќе ги добијат учебниците кон крајот на септември и почетокот на октомври. Вели дека го радува фактот што во дел од училиштата има достава на учебници од 6-то одделение, кое ќе продолжи и во наредните денови.

Шаќири очекува до петок сите учебници да се достават, но ќе побара да има достава и за време на викендот, доколку е потребно.

-Веднаш после одобрување отидоа на печатење. Сите учебници што се одобрени, се веднаш се издадени со договор за печатење. Одреден учебник има жалбени постапки кои не зависат од министерот. Овој септември имавме повеќе од 80% од сите учебници што се доставени. Овој септември за првпат имаме достава на учебници во гимназиско образование, после 10 години. Вака треба да се продолжи, кажа првиот човек во образованието, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини