Шаќири: Учебниците во сите училишта во Скопје се доставени

од Nikola Popovski
271 прегледи

Министерот за образование, Јетон Шаќири денеска информира дека учебниците во сите училишта во Скопје се доставени. Стигнати се и учебниците за шесто одделение, за кои имаше проблем од технички карактер.

-Ви благодарам за разбирањето. Поразлични сме од претходната година. Кажавме дека ќе бидат доставен до крајот на септември и почетокот на октомври, но заради технички проблеми ги доставуваме овој период. Не стигнавме тогаш, но ме радува што доставата заврши, рече Шаќири пред присутните новинари.

Министерот посочи дека кога стигнуваат навремено образовните програми, се стигнува и на време со учебниците.

-Требаше да се работи на графичка-техничка регулација за одредени учебници. Кај некои, авторите бараа одредени делови да се корегираат, а тие веќе беа испечатени, истакна Шаќири.

Посочи дека немаат проблем со економскиот оператор и исто така ќе биде и наредната година и дека печатењето на учебниците може да почне во секој момент кога ќе се достават барањата.

Во однос на учебникот по историја и општество за петто одделение, како и тој за шесто одделение, министерот рече дека формирана е авторска комисија, а од универзитетите бараат да назначат претседател на рецензентите и рецензенти за учебниците да може да бидат готови.

Слични содржини