Шаќири уверува дека МОН прави сè за да има учебници од први септември

од Nikola Popovski
304 прегледи

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска увери дека се прават напори сите учебници за наредната учебна година да се достават навремено.

-Сите учебници се одобрени и веќе имаме започната постапка која завршува за брзо. Не можам да предвидам како ќе биде наредната постапка, но се ако се заврши според пропишаните рокови, учебниците ќе се достават на време. Очекувам 1-ви септември да биде поподготвен од сите претходни 1-ви септември. Што се однесува за трето одделение, веќе се доставени ракописи од авторите во МОН. За прво, второ, четврто и петто и за дел од средното образование, ќе имаме достава на учебници, но овој период во МОН секој го дава максимумот за се да биде навремено. За другите предмети за кои нема одобрени учебници, подготвен сум да го решам проблемот, само децата да имаат материјали, кажа Шаќири на прес-конференција.

Слични содржини