185
Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, смета дека поради новиот бран напади на руската армија врз украинската инфраструктура во моментов речиси и да нема шанси за мировни преговори.
Шаленберг, пред комисијата за надворешна политика на австрискиот парламент, рече дека, и покрај тоа, погрешно е да се исклучи Русија од меѓународните собири.
„На Европа ѝ е потребна Русија со која е можно да се влезе во дијалог за заедничка безбедност“, рече тој.