Шамарите и тупаниците се резултат на само вашата политика за Македонија преполна со лицемерие, национализам, интерес и криминал

од Vladimir Zorba
82 прегледи

„Нападот не беше до Тодор Петров, туку до Македонскиот Народ, Црква и Држава.“
Тодор Петров на својот  фејсбук профил.

19499_975755939125209_8782322729477584581_n-670x670

Епа Тодоре,
напад врз Македонија и Македонскиот народ беше исто нападот врз студентите на плоштат, нападот врз стечајните работници, нападот врз новинарите (како Саше Ивановски идр.) и нивното апсење (како Кежаровски), нападот врз LGBTI активистите и нивните центри, смртта на родилките и нивните плодови (53 новореденчиња за 3 месеци), насилната инсталација на СК014, нападот врз пратениците од опозицијата и нивно исфрлање од Собранието на 24 декември 2012 година, затворањето на медиуми, поткупувањето на новинари, професори и остала академска фела, нападот врз ситните стопанственици преполна со казни и глоби, претераното богатење на неколкумина ваши париски колеги и насилното преземање на капиталот на некои сектори од индустријата преку закани до семејства и насилни (со ќотек) изнудени продажби, преку млатењето во Охрид (и други градови) на ваши партиски „бараби“ (референца: бомби) полицајци и немање контролна инстанца и институција за пријава – Внатршна контрола, преку црните кеси со ливчиња, преку гласањето со триаголници, преку „Мамата че ви ја ебиме“, преку „инспекција ќе ви пратиме“, преку „ај да направиме војна“…

Тука влегува и вашата партиска интрузија врз Автономијата на МПЦ (иако за ова ниту сум овластен ниту можам да зборувам) во сите нивоа и злоупотребата за дневнополитички маркетинзи на сите религиски симболи.
Тука влегува секојдневното симболично насилство кое сите ние сме приморани да го толерираме што од вашите медиуми, што од вашите новинари (шарлатани), што од вашите политиканти, што од вашите поддржувачи (месни административци), што од вашите споменици, што од вашите чувари-боди гарди, што од вашата неписменост, што од грдотијата на вашиот национализам…
Од толку многу насилство и зло(ба), спиралата се искачи до степен каде тропна и на ваша порта.

Вие не сте репрезент на Македонија, туку сте репрезент на некоја ваша идеја за Македонија којашто изгледа онака како што ја опишав. Таа идеја ја обескичми и ја девалвира секоја демократска и слободоумна идеја за Македонија, од неа создаде трло на изгубени мастадони и клатиглави ноеви кои најчесто главите им се во песок.

Таа идеја за Македонија не е Македонија. Ќотекот врз вас, е ќотек врз зделката на вашата партија со вашиот коалиционен парнер, кој исто толку колку вас лицемерни од една страна го гласаат Крстот на совет, од друга страна протестираат – бичим револтирани. Ист беше случајот и со Цар Душан.


Шамарите и тупаниците се само side effect на вашиот политички deal преполн лицемерие и национализам, ситнопартиски интерес и криминал. Од патриотизмот направивте тезга, а од политиката направивте пазар, а кусурот на тој пазар сте го доплатиле вие со вашиот „мозочен потрес“.

Мариглен Демири
фејсбук статус