Шампион на НБА: Барав на Интернет како да се убијам

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Шампион на НБА и ас на Кливленд, Кевин Лав, уште еднаш ја „отвори душата“ и зборуваше за проблемите со депресијата. Овој пат, тој дури призна дека сакал да изврши самоубиство.

„Кога ќе стигнете до точка во вашиот живот каде што секој ден изгледа исто, мислите за самоубиство ви доаѓаат во глава. Почнувате да размислувате како да го направите тоа. Тоа беа крајно застрашувачки моменти во мојот живот. Имав неколку начини, но добро е што додека барате како да извршите самоубиство преку Интернет, ти „влетува“ Националниот центар за превенција од самоубиство. Беше страшно само да размислувам како си го одземам животот, а во 2012 година планирав како да се убијам. Честопати размислував за тоа“, изјави Кевин Лав.

Сепак, славниот кошаркар никогаш не стигнал до последната фаза, да крене рака на себе.

„Кој и да помисли на тоа, сè уште мисли на такви мисли од време на време. Само научив како да зборувам искрено за тоа. Сфатив дека ништо не нè прогонува повеќе од работите за кои не зборуваме. Додека чував такви работи во себе си правев повеќе штета. Многу луѓе се борат со мисли за самоубиство. Колку повеќе таквите луѓе зборуваат за своите проблеми, толку подобро ќе бидеме сите “, потенцира Лав.

Слични содржини