„Шанса за Центар“ ги собра потребните потписи

од Берта Китинска
273 прегледи

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ преку соопштение до јавноста информира дека успеале да ја добијат потребната поддршка за учество на претстојните локални избори со својата листа на кандидати за советници за Општина Центар.

„Потребните 250 потписи од граѓани успеавме да ги собереме за неполни 48 часа. Им благодариме на сите граѓани кои ни ја дадоа поддршката и кои на претстојните избори ќе му дадат шанса на Центар”, велат од иницијативата.

Носител на советничката листа е Јана Белчева Андреевска, а во продолжение е целосната листа на кандидати за советници:

1 Јана Белчева Андреевска
2 Дивна Пенчиќ
3 Јане Димески
4 Владимир Огњановски
5 Биљана Филиповска Тодорчевска
6 Доротеј Нешовски
7 Ангел Мојсовски
8 Светлана Карбевска
9 Наташа Колеќевска Георгиевска
10 Зоран Никодинов
11 Кирил Сотировски
12 Ивана Драгшиќ
13 Дарко Радуловиќ
14 Даница Павловска Циги
15 Ивона Татабитовска Колевска
16 Марија Шишовска Трајковска
17 Милева Златановиќ
18 Божидар Кочоски
19 Гала Насева
20 Тони Левајковиќ
21 Александар Апостолски
22 Петар Бошевски
23 Љубица Иваноска

„Како независна граѓанска листа ќе се бориме Центар да добие нова шанса, како општина по мерка на граѓаните, каде политиките се кројат транспарентно и според факти, а квалитетот на живот е појдовен принцип на размислување и делување”, нагласуваат од „Шанса за Центар”.

Слични содржини