2,1K
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повика Левица и независните советници од листата Шанса за Центар, предводена од Јана Белчева, да се обединат во Советот на Општина Центар, каде што СДСМ го загуби мнозинството.
Повикот во име на партијата денеска го испрати носителот на советничката листа за Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Лазарев.
Независната листа „Шанса за Центар“ експресно ги одбија ВМРО-ДПMНЕ.
-Советот не е место за политички коалиции. Граѓаните очекуваат единство за квалитетни проекти, порача идната советничка Јана Белчева.
Според освоените гласови, „Шанса за Центар“ остануваат самостојни со три советници. Останатите 17 места ќе им припаднат на ВМРО-ДПМНЕ кои освоија 28% од гласовите и на СДСМ со речиси 34%.