227
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ изјави дека тоа што на белградските улици има 5.000 бездомници е доказ дека градот на чело со него станал метропола.
„Дека Белград стана европска метропола е доказ дека на улиците на Белград има околу 5.000 бездомници, бидејќи најбогатите градови имаат проблем со бездомниците“, рече градоначалникот на Белград.
„За жал, ова е потврда дека Белград навистина станува европска метропола, бидејќи не постои град во Европа во кој нема бездомници, дури и градови како Париз, Лондон, Мадрид и Рим. Да не зборуваме за САД, каде на 100 метри од Бел Ер и Беверли, каде што живеат најбогатите, луѓето претураат низ канти“, додаде Шапиќ, пишува Нова.рс.