Шаповалов го нападна судијата поради Надал: Сите сте корумпирани (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
321 прегледи

Денис Шаповалов и Рафаел Надал водеа голема битка во четвртфиналето на Австралија Опен, а на теренот блескаа искри и вербални пресметки.

Шпанецот победи со 3:2 во сетови, а во четвртиот во еден момент успеа да го разбесни својот ривал кој влезе во расправија со судијата.

Надал е познат како играч кој знае да одолговлекува при сервисот, што го изнервира Шаповалов.

Тој му пријде на судијата и му рече дека е подготвен за сервис и да му каже на Надал да побрза.

„Колку треба да се прилагоди, види, види колку време му треба, јас бев спремен за сервис“, се изнервира Шаповалов.

Карлос Бернардес се налути и започна расправија со канадскиот тенисер, што дополнително го испровоцира, па му рече на Бернардес дека „сите судии се корумпирани“.

На крајот, Надал се приближи до мрежата и побара од Шаповалов да му објасни што е проблемот.

Слична ситуација се случи и на мечот меѓу Надал и Кирјос пред три години, кога контроверзниот Австралиец се скара со судија.

Слични содржини