Шарапова се загрева за Штутгарт со тестирање на моќното Porsche 911 RT2 RS (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Поранешната број 1 во светот, Марија Шарапова, се загрева за својот омилен турнир во Штутгарт со тест возење на новиот Porsche 911 RT2 RS на пистата во близина на германскиот автомобилска престолнина.

Шарапова вози во друштво на поранешниот Ф1 пилот, Марк Вебер, а на неколку пати ги сменија местата.

Русинка се врати по казната за користење на „мелдониум“ во Штутгарт пред една година, стигнувајќи до полуфиналето.

Русинката ја освои титулата во Штутгарт три пати по ред помеѓу 2012 и 2014 година.

Слични содржини