Фејсбук статус на страницата „Шарена револуција“:

шарена

Драги соборки и соборци,

‪#‎ШаренаРеволуција‬ / ‪#‎Протестирам‬ ги осудува сите форми на насилство кон граѓаните без разлика од кого се тие иницирани.

Во времиња кога нашата држава тоне во автократија, ние мора да останеме присебни и обединети во борбата против оние кои сакаат да ни ја одземат слободата. Нашите оружја се храброста, аргументите и слободната мисла. Ја осудуваме секоја форма на агресија бидејќи тоа е јазикот на власта.

Нема да дозволиме изолирани случаеви да го оцрнат нашиот крик за слобода. Шарена револуција / Протестирам од ден во ден обединуваат се повеќе граѓани. Патот кон слободата е напорен и тежок. Иако е тешко во време на лудило да се остане со мирно срце, ве повикуваме да им одолеете на провокациите и да ги изолирате провокаторите. Тоа не прави нас различни од насилниците на власт.

За време на денешната блокада на раскрсницата кај Соборен храм, едно лице преку упатување вербални закани и пцовки се обиде и делумно успеа да испровоцира помал инцидент. За среќа немаше повредени и лицето веднаш ја напушти локацијата.

Се решивме да тераме ненасилна борба против режимот и цврсто стоиме на тоа. Ги замолуваме сите граѓани за воздржаност на ваквиот вид на провокации и поголема толеранција.

Насилството не е решение!

Искрено жалиме за изолираните инциденти, тие не ги одразуваат нашите намери и ставови.

Слични содржини