Шарл Мишел: Проширувањето на Западен Балкан во 2030 година е реална, но амбициозна цел

од Stefanija Kuzmanovska
367 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска изјави дека неговата оценка дека Европската унија и Западен Балкан треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година е реална, но амбициозна цел, истакнувајќи дека ова е првпат во европската историја лидер на една од институциите ЕУ да биде толку јасен во врска со датумот.

Тој во интервју за словенечката новинска агенција СТА нагласи дека во ЕУ постои политичка волја за проширување.

„Мораме да направиме многу од двете страни за да бидеме сигурни дека до 2030 година ќе бидеме подготвени. Тоа не значи дека се ќе биде лесно, но значи дека ако имаме политичка волја, ако сакаме да работиме заедно, ако сакаме да бидеме искрени еден со друг, можно е да ги постигнеме вистинските резултати за луѓето во регионот и во рамките на ЕУ“, навел Мишел.

Слични содржини