Шарли Ебдо: „Бог се враќа на своето место“

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, кој излегува во среда, на насловната страница објави карикатура во која Бог е во полициско комбе и оди во затвор, како алузија на утрешното изрекување на казната за обвинетите за терористички напади во 2015 година, вклучително и напад на сатиричниот неделник.

Карикатурата во која „Бог се враќа на своето место“ е дело на Франсоа Бук, од кого заедно со писателот Јаник Енел беше побарано да ги следи настаните во судницата во текот на три и пол месеци од судењето.

Судскиот процес беше спроведен против 14 лица, од кои три беа отсутни, а тие се обвинети за пружање логистичка поддршка на џихадистите кои извршија терористички напади во Париз и околината од 7 до 9 јануари 2015 година. Вкупно 17 лица беа убиени во нападите, кои го потресоа светот во тоа време.

Обвинителството за борба против тероризмот побара тешки казни од пет години до доживотен затвор за обвинетите кои им пружиле помош на сторителите на нападите, убиени од полицијата веднаш по нивните терористички напади.

Со утрешната пресуда, циклусот на насилство што започна во просториите на редакцијата на Шарли Ебдо конечно ќе биде затворен, пишува во уредничкиот коментар на весникот, потпишан како Рис.

Рис додаде дека циклусот на насилство барем ќе биде завршен на судско ниво, бидејќи од човечка гледна точка, последиците никогаш нема да бидат избришани, како што покажаа сведочењата на жртвите за време на судењето.

„Беше голема тешкотија да се докаже одговорноста на обвинетите. Не треба да се фантазира, на ова судење, како и на многу други, нема апсолутни докази“, изјави Рис.

„Иако не сите обвинети имаат исто ниво на идеолошки импликации, успеавме да откриеме дека некои од нив беа вистински исламисти, и покрај нивните напори да се претстават како скромни криминалци“, додаде уредникот на весникот

Редакцијата на Шарли Ебдо, која продолжи со сатира и критики кон општеството, инсистирајќи на тоа дека нема табуа, по нападот беше префрлена на непозната локација, која постојано е под полициско обезбедување.

Во Франција, на 7 јануари 2015 година, напад врз редакцијата на весникот започна бран невидени напади на џихадистите во таа земја, во кои беа убиени 241 лице.

Слични содржини