Сагата за престојот на Новак Ѓоковиќ во Австралија се уште трае и се уште не е позната неговата судбина во Мелбурн. На Ѓоковиќ по вторпат му беше укината визата, а неговите адвокати поднесоа жалба.
Денеска се одржа првото подготвително рочиште, а вечерва српскиот тенисер ќе биде сослушан пред службениците за имиграција. Судењето е закажано за недела наутро по локално време.
На одлуката на австралиските власти реагираа од целиот свет. Меѓу нив реагираше и редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, кој објави серија карикатури на Новак Ѓоковиќ во негативен контекст.
Серијата карикатури е наречена „Новак Ѓоковиќ го заслужува најдоброто“.
„Ѓоковиќ по исклучок“ е цртеж на кој Новак е со вакцина од која се брани со рекет.
Вториот цртеж ги прикажува Новак и собирач на топки на апарат за дишење.
„Да му дадеме собирач на топки каков што заслужува“, е коментарот на карикатурата која е алузија на скептицизмот на Ѓоковиќ за вакцините.
„Требаше да се вакцинирам“ е пораката на собирачот на топки.
Најголемо внимание привлече последниот цртеж. Имено, тој беше прозван со цртеж на погребни ковчези со натпис „не вакциниран“, а на „поканата“ има посебна порака.
„Тука ќе ја најдеш својата среќа меѓу нашите антиваксери“.