„Шарли ебдо“ повторно со насловна инспирирана од терористите

од desk2
69 прегледи

На насловната страница на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ прикажани се луѓе како лежат на улица во крв откако ги прегазило комбе, со зборовите „Ислам, религија на вечниот мир“. По најновите терористички напади во Шпанија, „Шарли ебдо“ повторно со својата насловна страница предизвика жестоки реакции на сметка на исламот, пренесуваат француските медиуми.

Се верува дека зад минатонеделните напади во Барселона и Камбрилс, во кои беа убиени 15 луѓе, а над 100 се повредени, стојат исламски екстремисти со мароканско потекло.

Критичарите тврдат дека новата насловна страница ја навредува целата религија, која има 1,5 милијарди верници ширум светот, сугерирајќи дека таа во суштина е насилна и дека би можела да поттикне исламофобија, пренесува Индекс.хр.

Уредникот на „Шарли ебдо“, Лоран Рис Сурисо, возвратила дека експертите и политичарите избегнуваат тешки прашања од почит кон умерените муслимани кои почитуваат законите.

Инаку, на 7 јануари 2015 година редакцијата на неделникот Шарли Ебдо беше нападната од терористи, кога двајца маскирани напаѓачи, вооружени со автоматски пушки, упаднаа во седиштето на француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ во Париз.

Во текот на нападот загинаа 12 луѓе, вклучувајќи десет вработени и два припадници на полициските сили, а ранија 11 други луѓе.