392
Една од најплатените актерки во Холивуд, Шарлиз Терон (46) ја обои својата препознатлива руса коса во црна и на еден настан се појави со нов имиџ.
Актерката на црвениот тепих се појави во бела класична кошула, тексас панталони и црни салонки.
Таа наводно го променила имиџот поради улогата во филмот Old Guard 2.
Шарлиз за своите улоги доби бројни награди. Магазинот „Тајм“ ја рангираше меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот.