Ако сакате кратки фризури, фотографиите од холивудската актерка Шарлиз Терон можат да ви послужат како одлична инспирација. Јужноафриканската убавица веќе подолго време носи прилично кратка фризура, што одлично ѝ стои, но сега воодушеви со нова боб-фризура, што е вистински тренд оваа сезона. Доколку сакате да го промените вашиот изглед, сигурно нема да погрешите со изборот на фризура што ја носи Шарлиз.
Кратката и добро обликувана фризура стана заштитен знак на актерката Шарлиз Терон со текот на годините. Актерката, која порасна во Јужна Африка, редовно воодушевуваше со различни варијации на кратки фризури „пикси“.
Но, се чини дека популарната актерка одлучи малку да ја пушти косата и да не ги допира ножиците некое време. Имено, на најновите фотографии објавени на Инстаграм профилот, актерката има многу подолга коса и многу трендовска фризура – боб, што е неизбежен начин за стилизирање на косата оваа сезона.
Некогаш супер кратката фризура на Шарлиз, интензивно плава боја, сега е многу посветла и достигнува скоро до брадата. Иако сè уште е пократка фризура, Шарлиз оствари вистинска промена во оваа фризура.