Шаќири: Средствата кои се издвојуваат за образованието од државниот буџет растат, но неопходно е да се промени начинот на нивна распределба

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Средствата кои се издвојуваат за образованието од државниот буџет, од година во година растат, но, неопходно е да се промени начинот на нивна распределба со цел да се подобри ефикасноста во трошењето, да се обезбедат доволно финансиски ресурси за да се исполнат образовните стандарди во училиштата, да се зајакнат резултатите од трошењето на средствата, и да се обезбеди дека распределбата на средствата за општините и училиштата се заснова на објективни критериуми и е правична, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на седницата на Комисијата за финансирање на општините, каде беше претставен новиот систем на финансирање на основното образование според стандарден трошок по ученик.

Министерот појаснува дека постојната формула за распределба на блок дотациите за основно образование меѓу општините, не тргнува од тоа колку средства им се потребни на училиштата за да обезбедат квалитетно образование за сите ученици и за исполнување на образовните стандарди, соодветно на различните потреби на секое училиште. Дополнително, постојниот систем на финансирање не овозможува општините да добијат доволно средства за професионален развој на наставниците, средства за поголема инклузивност во училиштата, за превоз на учениците и задоволување на останатите потреби.

-Новата формула има 4 компоненти, од кои првата односно основната компонента е заснована на трошоците по ученик. Со втората, варијабилна компонента, се обезбедуваат средства за превоз на учениците, како и за трошоци за ученици со посебни образовни потреби, за ученици од социјално загрозени семејства, како и за ученици кои следат настава на јазик на помалите етнички заедници. Третата компонента обезбедува средства за општините во периодот на прилагодување кон новата формула на финансирање. Последната е развојна компонента која ќе ги поттикнува училиштата да ги подобруваат резултатите од година во година, согласно конкретни параметри, доколку сакаат да добијат повеќе финансиски средства, вели министерот Шаќири.

Партнери на Министерството за образование и наука во овој сегмент на реформата на националниот образовен систем се Светска банка и УНИЦЕФ.

Обезбедувањето квалитетно образование што ќе им овозможи на децата и младите луѓе да бидат на рамниште на нивните врсници од развиениот свет, со знаења, вештини и компетенции вклучува и оптимално трошење на расположивите финансиски средства.

Слични содржини