Полскиот голман на Барселона, Војчех Шчесни, се врати во игра откако се повлече во 2024 година за да му помогне на тимот поради сериозната повреда на Марк тен Штеген, но со своите настапи го убеди раководството, кое му понуди нов договор.
„Нема да кријам дека ми беше понудено продолжување на договорот за уште две години. Морам да одлучам со моето семејство што е најдобро за мене“, изјави Полјакот за „Канал+“ по победата против Реал Мадрид.
„Мислам дека им должам на моето семејство и на мојата сопруга да ја донесеме оваа одлука заедно, па затоа сè уште не сум одлучил. Повеќето одлуки за нашата куќа ги носи мојата сопруга и не се срамам од тоа.“
„Обично јас донесувам одлуки за фудбалот, но ова не е вообичаена ситуација бидејќи размислувавме да дојдеме тука една година за да го оствариме нашиот сон, а потоа да се зафатиме со играње голф.
Ќе одлучам во наредните недели. Исто така, постои и логистика поврзана со учењето, со движењето. Засега уживам во она што се случува и не размислувам дали ќе останам или не“, додаде голманот.