Шеесетина граѓани во Грција веќе го изучуваат македонскиот јазик, иако во моментов останува на грчките судови да пресечат и донесат одлука, дали Центарот за македонски јазик ќе биде затворен или ќе му биде дозволено да функционира и да го промовира македонскиот јазик, пишува порталот „Рацин“.
Се додава дека ситуацијата со Центарот за македонски јазик се искомпликува откако неодамна една грчка обвинителка поднесе жалба до судот против регистрацијата на Центарот за македонски јазик со објаснување дека македонскиот јазик е признаен само како јазик на граѓаните на Република Северна Македонија, но не и на Македонците во Грција.
-Нејзиното противење, кое содржи националиситчки елементи, е дека центарот претставува опасност за грчката држава и дека ова е обид за создавање на малцинство во Грција, стои во текстот.