196
Техничкиот директор на Ајакс, Гери Хемстра изјави дека клубот прави се за да го задржи тренерот Ерик Тен Хаг, но на крајот одлуката за неговата иднина ќе ја донесе лично стручњакот.
Тен Хаг се поврзува со позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед, кој во моментов привремено го води Германецот Ралф Рангник.
Се очекува Тен Хаг да биде именуван за нов менаџер на „црвените ѓаволи“ оваа недела.
„Ќе бидам концизен. Направивме се што можевме за да го задржиме. Му понудивме нов договор. Му понудивме повеќе пари. Ерик сам ќе одлучи за својата иднина. Тој е зрел човек. Имаме две опции. Се надеваме дека ќе остане, но ако замине ќе мора да бидеме подготвени за второто сценарио“, прокоментира Хемстра.