245
Спортскиот директор на Рома – Мончи, вети дека ќе ја научи клупската химна, ако „римските волци“ се квалификуваат за полуфиналето во Лигата на шампиони.
Рома го победи Шахтјор Доњецк со 1: 0 и со вкупен резултат 2: 2 и гол на гостински терен се пласира во четвртфиналето во најпрестижниот турнир.
„Нашите фанови ја заслужија оваа ноќ. Страдавме за оваа победа и сега е време да славиме. Рома е посебен клуб, бидејќи има многу страст тука. Се што правиме е за нашите навивачи. Не ги знам зборовите на клупската химна уште, но дефинитивно ми се допаѓа песната. Ако се пласираме во полуфиналето, ветувам дека ќе го научам текстот“, рече Мончи по натпреварот.