101
Министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер посочи дека ЕУ не е комплетна без Македонија, дека земјава треба да исполни уште неколку чекори, но и дека многу е направено досега. Истовремено порача дека Брисел треба да го забрза процесот и да не става други камења на сопнување за европскиот пат.
Според Рајсингер, треба да бидеме свесни дека Македонија е важен партнер за геополитичката состојба.
-Си дадовме ветување да соработуваме заедно за стабилност на овој регион, кажа шефицата на австриската дипломатија на прес-конференцијата со нејзиниот македонски колега, Тимчо Муцунски.
Рајсингер оценува дека земјава треба да направи уште некои реформи и дека поминале 20 години од првиот чекор кон членството.