Шефицата на канцеларијата на ММФ во Србија: Белград и Скопје ќе продолжат да ги намалуваат фискалните дефицити

од Nikola Popovski

Со панел за економските перспективи на Западен Балка,  денеска започна 31-виот по ред бизнис форум Копаоник. На него, шефицата на канцеларијата на ММФ во Србија, Јулија Устјугова порачала дека од земјите на Западен Балкан, Србија и Северна Македонија ќе продолжат да ги намалуваат своите фискални дефицити.

„Очекуваме дека фискалниот дефицит ќе продолжи да се намалува во Србија и Северна Македонија, а во другите земји ќе се врати на претходните нивоа, освен за една земја, тоа е Црна Гора, каде што очекуваме значително зголемување на фискалниот дефицит, кој всушност одразува некои мерки спроведени во претходните години“, рекла Устјугова.

Додала дека фискалните биланси се подобрени во повеќето земји од Западен Балкан.

Кога станува збор за јавниот долг, Устјугова рекла дека во последните години е намален, но тоа не значи дека ризиците исчезнале.

„Овој надолен тренд лесно може да се смени и мислам дека е многу важно добро да се управува со миксот на макроекономската политика. Така, нивото на јавниот долг е намалено, но цената на јавниот долг се зголеми“, додала шефицата на канцеларијата на ММФ во Србија.

Слични содржини